Фото: Ralph Dominguez/MediaPunch / imago stock&people / Profimedia

Застрашувачки детали! Телата на Џин Хекман и неговата сопруга биле мумифицирани, околу нив имало расфрлани таблети

Тажната вест за смртта на легендарниот актер Џин Хекман денеска го потресе целиот свет. Тој и неговата сопруга Бетси Аракава, како и нивното куче, беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико.

Ќерката на двократниот оскаровец, Елизабет Џин Хекман, за „ТМЗ“ изјавила дека семејството се сомнева на труење со јаглерод моноксид, а полицијата ја повикал соседот кој се сомневал дека нешто им се случило на парот.

Според извештаите, тие биле мртви повеќе од еден ден, а на истражителите им биле потребни дури 12 часа за успешно да ги идентификуваат телата.

Сега, „Дејли мејл“ пишува дека поседува полициска налог кој покажува дека телата на актерот и неговата сопруга биле делумно распаднати и мумифицирани во пределот на рацете и нозете кога биле пронајдени, а до телото на сопругата било пронајдено отворено шише со таблети на рецепт. Засега не се знае точно за кој лек станува збор.

Телата на парот биле пронајдени во бањата, актерот бил целосно облечен, а до него биле пронајдени очила за сонце. Истражителите веруваат дека е можно актерот да паднал пред својата смрт. Иако нивната ќерка се сомнева дека е труење со јаглерод моноксид, пожарникарите кои реагирале во семејната куќа пријавиле дека не пронашле знаци на истекување на гас.

Двојката имаше три кучиња, од кои едното умре, а истражителите го пронашле телото на германскиот овчар во плакарот до бањата, недалеку од телото на Бетси. Останатите две кучиња биле пронајдени живи, едното стоело во близина на Бетси додека другото талкало низ дворот. Инспекторите велат дека влезната врата од куќата била отворена, но не нашле знаци на провалување.

Џин Хекман живеешe со 30 години помладата сопруга: За 20 години само еднаш бea фатени заедно, а утрово бea пронајдени мртви во својот стан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот