хју хефнер
Profimedia

Застрашувачка исповед на Плејбој зајачица: „Куќата се распаѓаше, а ние не смеевме ни да се разболиме“

Животот во култната, но и озлогласена куќа на „Плејбој“ на Хју Хефнер не бил баш идеален, тврди една од поранешните „девојки“ на покојниот медиумски магнат.

Холи Медисон, девојката која седум години се забавуваше со газдата на „Плејбој“, ја сподели приказната за животот во познатата вила во нејзиниот поткаст „Girls Next Level“ и ја откри темната страна на луксузот.

Имено, 43-годишната Холи истакнува дека живеела во страв дека Хефнер ќе ја замени доколку случајно ѝ се слоши.

„Делев соба со Хеф, но никогаш не се почувствував дека навистина го правам тоа. Неколку пати се оперирав, па не можев да излезам вечерта… Живеев во страв од мојата замена, односно дека Хеф ќе донесе друга девојка која ќе ми биде замена“, рече таа и додаде дека Хефнер двапати донел нова девојка во куќата зад нејзин грб, пишува „Мирор“.

Холи Медисон и Хју Хефнер / Фото: GEORGE BEKICH / Shutterstock Editorial / Profimedia

Таа рече дека, додека закрепнувала од операција или болест, била принудена да остане во резервна спална соба, додека другите новодојдени девојки биле во нејзината соба, со нејзините работи.

Медисон почнала да излегува со Хефнер кога имала 21 година, откако неговиот лекар ја поканил на една од злогласните забави во вилата на „Плејбој“. Таа призна дека отишла таму бидејќи знаела дека „постојано ќе биде во центарот на вниманието“. И покрај тоа што не ѝ бил физички привлечен, таа признава дека Хефнер ѝ бил шармантен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот