Фото: Pexels / withoguz

Засладете се по напорниот ден: Рецепт за сочни чоколадни коцки со мармалад

Чоколадните коцки со мармалад се совршен десерт кога сакате да користите состојки кои веќе ги имате дома. Комбинацијата од мармалад и темно чоколадо ќе му даде посебен и богат вкус на ова слатко задоволство. Овој десерт лесно се подготвува, не ви се потребни јајца, па дури ни миксер.

Состојки:

– 2 чаши брашно
– 1 чаша шеќер
– 1 лажичка прашок за пециво
– 1 лажица какао
– 1 чаша млеко
– 1/2 чаша масло
– 8 лажици мармалад по избор
– 100 г темно чоколадо
– 1 коцка маргарин или путер
– 5 лажици млеко

Подготовка:

Најпрво измешајте ги сите суви состојки, а потоа додадете половина шолја масло и чаша млеко. Добро измешајте ја смесата. Потоа додадете четири лажички мармалад по ваш вкус и добро измешајте.

Загрејте ја рерната на 180 степени, па ставете го колачот да се пече околу 30 минути. Кога ќе се испече, веднаш премачкајте го со преостанатите четири лажички мармалад и оставете да се излади барем еден час.

Додека колачот се лади, на тивок оган или на пареа растопете темно чоколадо, маргарин или путер и додадете 5 лажици млеко. Кога смесата ќе се изедначи, покријте го колачот со чоколаден прелив. За сервирање пресечете го на помали коцки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот