Фото: Општина Аеродром

Засадени 15 дрвја во дворот на ОУ „Љубен Лапе“

Во дворот на основното училиште „Љубен Лапе“ денеска „никна“ пензиски парк, во кој в. д. градоначалникот Дејан Митески, директорката на училиштето, Фоника Станоева и дел од учениците насадија 15 листопадни дрвја од видот платан, липа, црвен даб, топчест багрем и украсна слива.

Станува збор за проект на македонските пензиски друштва, кои под мотото „Засади желба за одржлива иднина“ преку едукативна кампања создаваат пензиски паркови за поубава и позелена иднина.  Општина Аеродром секогаш дава поддршка на иницијативи што придонесуваат за зголемување на свеста кај учениците за создавање здрави навики – информираат од Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот