ЗАРАДИ НЕЗГОДНО ПРАШАЊЕ НОВИНАР ЗАВРШИ НА ПОД: На руски функционер му „пукна филмот“ пред камерите! (ВИДЕО)

Руски ТВ репортер се најде на подот откако на локален функционер му поставил незгодно прашање – инцидентот резултираше со кривична пријава на функционерот и негово исфрлање од партијата.

Регионалната ТВ екипа на „Русија 24“ се обратила до шефот на локалната администрација Сергеј Зајцев, од кого побарале коментар за лошите стамбени услови за преживеаните од пожарот во една од областите во Република Каказија на Сибир.

 

Во 2015-та година пожарите убија десетици луѓе и оставија голем број на семејства без покрив на главата. Зајцев тогаш беше обвинет за негрижа која довела до смртта на луѓето, по што беше осуден на четири години затворска казна. Но, тој во меѓувреме бил амнестиран, па дури и ја задржил својата функција.

Интервјуто со Зајцев тргнало во погрешна насока откако новинарот му поставил прашање околу државните фондови кои биле формирани за изградба на станови за преживеаните од пожарот. Во 2015-та година руската влада ги задолжила локалните власти да изградат стамбени згради, но според зборовите на жителите, изградбата се одвивала со години и резултирала со лоши згради кои не биле погодни за живеење.

Како што тоа е често случај во Русија и на Балканот, функционерот лут поради прашањата за наводната корупција, започна да го навредува и турка новинарот, за на крај да го собори на земја. Во меѓувреме против него е поднесена кривична пријава, а исклучен е од неговата партија – „Единствена Русија“ на Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот