Фото: ФФМ

Започнува новата сезона во фудбалскиот Куп на Македонија

На македонските фудбалски терени и денеска ќе гледаме возбудувања, бидејќи стартува новата сезона во Купот на Македонија.

Со вчерашните два натпревари заврши третото коло од првенството, меѓутоа веќе денеска на програмата се нови шест натпревари, сега од 1/16 финалето во Купот.

На теренот ќе видиме неколку прволигаши кои ќе ја имаат фаворитскатаа улога, додека екипите од пониските рангови ќе се надеваат на изненадување.

1/16 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Башкими 2008 – Детонит Плачковица

Евротип – Силекс

Карбинци – Работнички

Љуботен – Македонија Ѓорче Петров

Охрид – Брера

Победа – Брегалница

Преостанатите натпревари од оваа фаза ќе се одиграат во наредните денови до 10 септември. Слободни во првото коло се бранителот на трофејот Вардар и финалистот Струга.

Сите денешни натпревари се во терминот од 16:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот