фото: Pelister-Bitola/Sasho Ristevski/Dejan Kuzmanovski

Започнува нова ера во АБА 2 лигата – формат сличен на Лигата на шампионите

Ќе има промени во АБА 2 кошаркарската лига и нов формат во претстојната натпреварувачка сезона. Како што соопштуваат од натпреварувањето – фокусот беше на модернизација и зголемување на конкурентноста.

Следната сезона, во АБА 2 лигата ќе има 16 екипи, поделени во четири барабани кои ќе бидат формирани врз основа на моменталниот квалитет на екипите. Овие барабани имаат за цел да му обезбедат на секој тим избалансиран микс на противници. Сите 16 екипи ќе делат заедничка табела и сите ќе бидат во ист лигашки систем.

Секоја екипа ќе одигра вкупно осум натпревари, по два со екипи од својот барабан, но и од преостанатите три. Важно е што тимовите од истата земја нема да играат едни против други, освен ако таа земја нема четири тима.

Првите осум екипи ќе се пласираат во плејофот, кој се состои од четвртфинале, полуфинале и финале, сите одиграни во два натпревари.

Во случај два тима да имаат ист скор, предноста на домашниот терен се одредува по следниот редослед:

1. Меѓусебен скор
2. Кош разлика во меѓусебните натпревари
3. Вкупна кош-разлика од регуларната сезона
4. Ждрепка, ако и натаму е нерешено

Сите овие натпревари ќе се играат во вторник и среда, додека календарот ги вклучува и закажаните датуми за ФИБА прозорците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот