Подготовки за закопот на папата Франциск / Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA PRESS OFFICE

Запечатен ковчегот на папата Франциск – 250.000 луѓе му оддадоа почит

Ковчегот на папата Франциск беше запечатен вечерва за време на литургиска церемонија во базиликата Свети Петар, пред погребот што ќе се одржи утре. Околу 250.000 верници му оддадоа почит на поглаварот на Римокатоличката црква, јави „Си-ен-ен“.

Кардиналот Кевин Фарел ја предводеше церемонијата на запечатување на ковчегот на папата Франциск, со што беше означен крајот на јавното изложување на телото во базиликата Свети Петар.

На церемонијата присуствуваа и кардиналите Џовани Батиста Ре, Пјетро Паролин, Роџер Махони, Доменико Мамберти, Мауро Гамбети, Балдасар Реина и Конрад Крајевски.

Префектот на Рим Ламберто Џанини изјави дека утре, по повод погребот на папата, на улиците на Рим се очекуваат 200.000 луѓе, а ќе бидат распоредени 4.000 полицајци, пренесува АНСА.

Освен тоа, на поворката ожалостени низ Рим ќе се придружат и групи поранешни затвореници, бегалци и сиромашни, за кои Папата се залагаше за време на богослужбата.

Церемонијата ќе започне утре во 10 часот на плоштадот Свети Петар, а потоа поворката ќе се движи низ Рим до базиликата Санта Марија Маџоре, каде што ќе биде погребан папата.

Повеќе од 128.000 верници му оддадоа почит на папата Франциск, поклонението ќе трае до 19 часот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот