
Западните дипломати во обид да ги смират тензиите околу устоличувањето на српскиот митрополит Јоаникие во Црнагора
Амбасадата на САД во Подгорица повика на смирување на тензиите кои ескалираа поради претстојното устоличување на новиот митрополит на Црногорско- Приморски, Јоаникие, додека делегацијата на ЕУ во
Препорачано
Подгорица предупреди дека изјавите што создаваат етнички и верски тензии се спротивни на европските вредности
Делегацијата на ЕУ во Подгорица соопшти дека регулирањето на верските заедници е прашање во рамките на националната надлежност, и дека ЕУ неможе да коментира за прашања поврзани со местото на устоличување на „лидер на една верска заедница во Црна Гора“ , објавија „Вијести“.
„Сите изјави или активности што создаваат етнички и верски тензии и поделби се спротивни на основните европски вредности. Интеграцијата на Црна Гора во ЕУ е процес што го вклучува целото општество и е од корист за сите нејзини граѓани. „На Црна Гора и требаат сите делови на општеството да работат конструктивно заедно, со цел да напредуваат на патот кон ЕУ“, велат од Делегацијата.
Соединетите држави, според нивната амбасада, во голема мера ја поддржуваат слободата на вероисповед, вклучително и правото на поединците слободно да ја практикуваат својата религија, но, исто така, ја поддржуваат слободата на изразување, вклучително и правото на мирно собирање.
„Амбасадата е загрижена за ескалирачката реторика на која сме сведоци по повод устоличувањето на новоизбраниот митрополит Јоаникиј.
„Ги охрабруваме црногорските власти и Црногорско-Приморската митрополија на Српската православна црква да соработуваат тесно по прашањето за устоличување на новоизбраниот митрополит Јоаникие, каде што безбедноста на граѓаните треба да биде на прво место“, велат од амбасадата.
Амбасадата на САД ги повика сите, граѓаните и политичките и верските лидери, да придонесат за намалување на тензиите, нагласувајќи дека Црна Гора одамна е препознаена по својата разновидност и толеранција и дека сите нејзини граѓани треба да направат се што е во нивна моќ за да ја зачуваат оваа горда традиција.