
Замрзнатите руски пари да се користат согласно меѓународното право, повикува Лагард
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) и поранешна шефица на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, денеска предупреди дека секоја одлука на западните земји да ги користат замрзнатите руски средства мора да се заснова на меѓународното право, пренесе „Ројтерс“.
Препорачано
Европските лидери имаат намера да користат руски средства вредни меѓу 300 и 350 милијарди долари – главно во европски, британски и американски државни обврзници – за обнова на Украина, но сè уште не се договориле како да ги избегнат правните проблеми што би ги предизвикал таквиот меѓународен преседан.
ЕЦБ долго време изразува загриженост за влијанието на таквиот потег врз идната подготвеност на инвеститорите да чуваат средства во евра.
„Не е на ЕЦБ да разговара за тоа, но секако би нагласила дека втемеленоста на одлуката во меѓународното право ќе биде важна за другите инвеститори“, рече Лагард.
„Тоа, сигурна сум, е елемент што ќе го земат предвид оние чија работа е да донесат конечни одлуки“, заклучи таа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5