
Заменик-градоначалникот на Битола Бојкоски: „Каснувањето“ од кучиња-скитници стана добар бизнис за некои битолчани и одредени адвокати
На денешната седница на Советот на Битола, во дебатата околу справувањето на градот со кучињата-скитници, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и заменик-градоначалник на Битола, Бојан Бојкоски, рече дека „проблемот“ со каснувањата од бездомни кучиња „на некои битолчани и одредена група на адвокати им носи добра заработувачка“.
Препорачано
„Тврдам дека во Битола има организирана група која што работи во болницата и адвокати кои што прават организиран криминал. Тие му се јавуваат на луѓето кога ќе ги каснат кучињата скитници уште не излезени од болницата и му велат “јас ќе ти бидам адвокат”. Ова е организиран криминал што се случува во Битола и граѓаните тоа треба да го знаат. Ги повикувам надлежните институции да го испитаат овој случај. Дури има и фингирани каснувања од бездомните кучиња“, рече Бојкоски на денешната седница на Советот.
Инаку, каснувањата на кучињата скитници досега скапо ја чинат Општината Битола.
Според некои информации Општината Битола како оштета на каснатите граѓани од кучињата скитници има исплатено околу 50 илјади евра.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
10мин
-
12мин
-
45мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5