Фото: Cookipedia

Залихите на ориз во Јапонија на најниско ниво: „Сè уште нема причина за тревога“

Залихите на ориз во Јапонија паднаа на најниско ниво во последните децении, објави Гардијан. Залихите на ориз во приватниот сектор паднаа на 1,56 милиони тони во јуни, што е намалување за 20 отсто во однос на претходната година и најниско од 1999 година, кога првпат беа собрани споредливи податоци, според Министерството за земјоделство, шумарство и рибарство на земјата.

Министерството го впери прстот кон високите температури од минатото лето, кои ја загрозија жетвата, пренесува Н1.

„Главните причини за рекордно ниските резерви се намалувањето на производството поради високите температури и недостатокот на вода, како и релативно ниската цена на оризот во споредба со цените на другите култури, како што е пченицата“, изјави службеникот на Министерството за земјоделство, Хироши Итакура.

„За ова придонесе и зголемената побарувачка од странските туристи“, додаде Итакура, уверувајќи дека нема причина за тревога. Со оглед на состојбите, засега не можеме да зборуваме за криза“, тврдат од Министерството.

Демографската криза во комбинација со ниските цени на оризот не ветува добро за јапонското земјоделство. Сè помалку млади луѓе избираат земјоделска дејност, како што е одгледувањето ориз, како кариера. Селата стареат, а оризовите полиња се помали, многу од нив веќе се напуштени, објави јапонскиот весник „Мајничи“.

Комерцијалната цена на оризот е на највисоко ниво во последните 30 години, трговците на големо се без резерви, а се очекува некои супермаркети дополнително да ги зголемат цените и да го ограничат купувањето на ориз, објавија јапонските медиуми. Ситуацијата најверојатно ќе продолжи до септември, кога оризот од овогодишната реколта ќе биде ставен на полиците на продавниците, објави и Гардијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот