Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Заклучен избирачкиот список за локалните избори, право на глас имаат 1.832.415 граѓани

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи избирачкиот список за претстојните локални избори што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година. Вкупниот број на гласачи запишани во списокот изнесува 1.832.415, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на седница на Комисијата.

Од овој број, во редовните изводи се запишани 1.717.803 гласачи, додека 112.000 се лица кои се на привремена работа или престој во странство. Во посебните извода запишани се и 2.162 лица кои се наоѓаат во затвори или во притвор, како и 450 лица сместени во домови за стари лица.

Во државата се утврдени 3.480 избирачки места, а во 132 од нив има помалку од десет гласачи. За овие гласачи, гласањето ќе биде организирано на најблиските избирачки места.

Досега до ДИК биле поднесени четири барања за набљудување на изборите, од Центарот за развој, реформи и обуки за изборни системи од Грузија, Амбасадата на Словачка, Централната изборна комисија на Украина и здружението „Институт за истражување и аналитика на политика Ромалитико“ од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот