фото: Слободен печат/Драган Митрески

Закажани прегледите, Бојан Димоски в петок ќе потпише за Партизан

Левиот бек на фудбалската А репрезентација на Македонија Бојан Димоски ќе биде нова опција во одбраната на српскиот гигант Партизан.

Според најавите, играчот на рускиот клуб Акрон се очекува во четврток да пристигне во Белград.

А во петок и официјално ќе биде промовиран во трет дебитант на клубот од Хумска во тековниот преоден рок.

Лекарските прегледи се закажани за петок и доколку сѐ биде во ред, македонскиот репрезентативец ќе ги потпише документите со кои ќе се обврзе да остане во Србија до крајот на оваа сезона, како позајмен играч.

Откако ќе заврши натпреварувачкиот циклус, првите луѓе на Партизан ќе проценат дали вреди за 23-годишниот дефанзивец дополнително да се инвестира износ од 200.000 евра, колку што би била откупната цена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот