Полиција во Прага, Чешка / Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Зајакнати безбедносните мерки на јавни места низ Чешка по пукањето во Прага

Чешката полиција ги зајакна безбедносните мерки околу училиштата и другите јавни згради ширум земјата, а Карловиот универзитет во Прага денеска ги откажа сите предавања и настани откако студент вчера застрела 13 лица во зградата на универзитетот.

Пукањето беше најлошиот таков случај во централноевропската земја, каде што многу луѓе поседуваат спортско или ловечко оружје, но масовните пукања се ретки.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан изјави дека полицијата го утврдила идентитетот на убиените и дека меѓу нив нема странци. Меѓу ранетите има двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати и еден од Холандија.

„Има 13 жртви на лудиот стрелец, а еден од убиените е самиот тој“, изјави Ракушан за чешки телевизиски канал.

Претходно власите соопштија за 14 жртви на универзитетот.

Немаме информации за конкретна закана /…/ ова е сигнал дека сме тука и сме подготвени“, се вели во полициското соопштение во врска со заострувањето на мерките објавено во „Икс“.

Дваесет и четиригодишниот напаѓач вчера бил пронајден мртов во зградата на универзитетот, но од полицијата велат дека се уште не е јасно дали се самоубил или бил застрелан од полицаец. Полицијата соопшти и дека пред да тргне кон Универзитетот, напаѓачот го убил својот татко во нивниот дом во предградие на Прага.

Владата донесе одлука 23 декември (сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!