
Захариевски: Кога ќе дојдат победите, Вардар ќе игра и доста поквалитетно
Фудбалерите на Вардар во минатото петто коло од Првата македонска лига одигра нерешено 1:1 против Гостивар.
Препорачано
Стрелец на единствениот гол за скопските „црвено-црни“ беше Немања Босанчиќ во 86 минута од натпреварот.
Тоа беше и дебито на официјален натпревар за новиот тренер на Вардар, Срѓан Захариевски:
– Не знам дали да кажам честитки за освоениот бод. Уште на првиот ден кажав дека на секој натпревар ќе одиме на победа. Мислам дека тремата во првото полувреме и неквалитетниот пас не се појавувавме, ни направи доста проблеми, не можевме да изнесеме. Но, вториот дел го компензиравме со поголема борбеност, ќе бидам искрен Вардар може уште повеќе и подобро. Ќе бидам искрен, кога ќе сфатат дека можат да играат и да се натпреваруваат, да не заборавиме дека Вардар, малку играчите немаат самодоверба, туку ќе сфатат на моменти во второто полувреме покажаа дека можат да играат извонредно, со пас кога ќе го сфатат и тоа кога ќе дојдат победите, мислам дека Вардар ќе игра и доста поквалитетно – вели Захариевски.
Следниот меч за Вардар е в среда во рамките од Купот во 1/16 финалето од 15.00 часот на гости против ФК Новаци.