Загина шкотски планинар при искачување на К2

Познатиот шкотски алпинист Рик Ален загина во лавина при обид да го освои врвот К2 на северот на Пакистан, соопштија властите на таа земја.

Ален загина пред три дена додека се обидуваше да го достигне врвот преку нова рута, од југоисточната страна на планината, изјави секретарот на планинарскиот клуб на Пакистан, Карар Хаидри.

Двајцата партнери на Ален ја преживеаја лавината и беа спасени, додаде Хаидри.

Нивната експедиција имаше за цел да собере пари за добротворна организација со седиште во Велика Британија, во која Ален беше член на управниот одбор. Организацијата која работи за благосостојба на децата, ја потврди смртта на Ален.

Ален беше искусен планинар, а во 2018 година беше спасен од лавина при освојување на врв кој, како К2, се наоѓа на ланецот Каракорам на границата со Пакистан и Кина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот