
Заев се пожали дека има многу лажни вести за Договорот од Преспа
Почна првиот конститутивен состанок на Акциската група за борба против дезинформациите. Свое учество имаат претседателот Стево Пендаровски, собранискиот спикер Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и уште неколку министри, меѓу нив Радмила Шекеринска за одбрана и Оливер Спасовски за внатрешни работи. Поркај министрите, на состанокот учествуваат и припадници на безбедносните служби, односно директорите на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и на Оперативно – техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, заедно со претставниците.
Препорачано
– Напоменувам, дека безбедносните мерки се однесуваат исклучиво на работата на Владата и другите државни институции. Кога станува збор за проактивните мерки, Владата на РСМ како засегната страна, очекува да излезат од широката и сеопфатната дебата во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни. Медиумите, медиумските и граѓанските здруженија, новинари и поединици кои се определни против злото наречено лажни вести кое ја загрозува демократијата. Секоја организација, секоја идеја е добредојдена – рече министерот за транспарентност, комуникации и отчетност, Роберт Поповски, кој е задложен за работа и координација на работната група.
Пропагандата, дезинформацијата и лажните вести имаат потенцијал да промовираат говор на омраза и насилство и да ја намалат довербата во демократските вредности, изјави премиерот Зоран Заев.
– Низ отворените порти за добредојде на новата дигитална ера, се протнаа и алгоритмите на пропагандата, дезинформаициите и евтините и лажни квази новинарски приказни. Трендот на ширење шокантни вести, невистини е најголем поткопувач на демократските реформските прогресивните процеси во општеството. Денес, користејќи ја развиената технологија, дезинформациите влијаат на нашите општества, предизвикуваат конфликт, омраза, параноја, заговор – вели Заев.
Тој во говорот се осврна и на ширењето на, како што рече, лажните вести за Договорот од Преспа. Според него, тогаш најмногу имало манипулации.
– Кампањата за лажни вести за Договорот од Преспа имаше за цел да ги дезинформира граѓаните преку пласирање на лажни или искривени факти да ги дестимулира да излезат на гласање за да се дискредитира референдумот, а најголем интензитет имаше и на самиот референдум. Најчесто се базираа на селективно избрани сегменти од членови на договорот, на кои им беа додавани нови значења преку шпекулации кои беа претставувани како факти, за да бидат претставени во погрешно светло со потпалувачки изјави. Тезите кои се пласирани во јавноста беа: „Го губиме идентитетот и се брише се што е македонско“, „Се менуваат меѓународните кодови и кратенки“, беа дел од насловите. „Готово е, јазикот ќе биде северно македонски“, беше еден од насловите – порача Заев.
Премиерот изјави дека манипулирањето се рефлектира врз безбедноста и не е слобода на говор. Заев рече дека предлог акцискиот план е сублимат на процеси, проекти, мерки и препораки за борба со дезинформациите, изработен како резултат на следење на Европската комисија на НАТО, како и комитетот за експерти за квалитетно новинарство на Советот на Европа.
Владата од октомври ќе организира дебати за придонесот на, како што шо велат, борбата против дезинформациите, лажните вести и нападот на демократијата.