Заев од Тирана: Справување со природните катастрофи да биде столб за соработка во Западен Балкан

Премиерот Зоран Заев, кој престојува во Албанија, синоќа во Тирана присуствуваше на хуманитарен концерт „Ти никогаш нема да бидеш сам“ посветен на процесот за обнова по разорниот земјотресот од 26 ноември.

По настанот тој на својот профил на Фејсбук напиша дека продолжува континуираната поддршка за утеха од трагичниот исход за закрепнување од последиците од земјотресот што го погоди Драч, и другите населени места во Албанија.

Тој посочува дека во знак на таа поддршка, со премиерот Еди Рама и претсeдателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувале на концертот на класични оперски арии во Тирана, во изведба на најдобрите артисти на албанската опера.

„Трагичните настани носат ненадоместливи загуби, но, тоа се моменти кога на најдобар можен начин може да се изрази пријателството и поврзаноста меѓу народите. Донаторскиот концерт за ублажување на последиците од земјотресот е само почеток и најава на заедничката соработка во справувањето со природни катастрофи која утре ќе биде опфатена како нов столб за соработка меѓу земјите од Западен Балкан“, напиша Заев.

Искрената и посветена соработка на спасувачките екипи на сите земји од соседството веднаш по трагичниот земјотерс, потенцира Заев, е „силен знак за она што може да го направи нашиот регион кога работиме заедно“.

Постот на премиерот Заев по концертот, доби широк публицитет во албанските медиуми.

Инаку, денеска претпладне Рама, Заев и Вучиќ ќе посетат неколку делови на Драч, кој беше најпогоден од разорниот земјотрес од 26 ноември. Потоа во хотелот Рогнер во Тирана ќе го одржат состанокот на иницијативата „Мини Шенген“ која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните.

Првиот состанок беше одржан во Нови Сад, вториот во Охрид, додека следниот најавено е дека ќе биде во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот