
Заев: Мнозинството ја внесе земјата во НАТО и го донесе најважниот закон за правна држава (ФОТО)
Ново, стабилно демократско мнозинство во парламентот ни треба час поскоро – додаде Заев.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска имаше свое обраќање од зелениот покрив на ГТЦ, од каде ги повика граѓаните на 15 јули да излезат на избори.
Препорачано
Пред обраќањето Заев се сретна со претседателот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, а беа присутни и членови од Здружението на сопанственици и дуќанџии од трговскиот центар.

– Зад мене е македонскиот парламент, домот на граѓаните. Тука во април, 2017 година се случи радикално насилство врз народните претставници, врз демократијата и врз поредокот. Падна и крв, а само три години подоцна на истото место го кренавме знамето на НАТО и го потврдивме нашето членство во Алијансата – истакна Заев.

– Ете што значи демократско мнозинство, со сите премрежја, со сите тешки и големи одлуки, мнозинството ја внесе оваа земја во НАТО и го донесе најважниот закон за правната држава, законот за Јавното обвинителство. Ново, стабилно демократско мнозинство во парламентот ни треба час поскоро – додаде Заев.

– Затоа 15 јули е ден за големата граѓанска одлука, ден за граѓанско учество. Со нашиот глас ќе ги реактивираме институциите, го враќаме парламентот да носи одлуки и веднаш после тоа бираме Влада со политички полн капацитет и легитимитет. На 15 јули секој од нас носи одлука за својата иднина – порача Заев во своето обраќање.