Андреј Ковачев, бугарски европратеник/Фото: Архива на СП

Забраната за влез во Македонија на европратеникот Ковачев пред Европскиот парламент

Претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер во објава на Твитер ја осуди забраната за влез во Македонија на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и четворица други бугарски граѓани и побара расчистување на ситуацијата.

„Остро ја осудуваме забраната за влез во Северна Македонија на европратеникот Андреј Ковачев на 6 мај. Тоа е неприфатливо и без преседан. Ја повикуваме Владата на Северна Македонија итно да ја расчисти ситуацијата. Прашањето ќе биде поставено денеска попладне на пленарно заседание на Европскиот парламент“, напиша Вебер.

Претходно и самиот Ковачев најави дека на заседанието на Европскиот парламент на кое се дебатира за резолуцијата за Македонија ќе се постави прашањето за забраната за влез. Ковачев дури кажа дека ова прашање ќе влезе во резолуцијата за земјава.

– Овде не станува веќе збор за конфронтација со Бугарија, туку со европските институции, изјави Ковачев за Бугарското национално радио.

Критики упати и историчарот Кирил Топалов, кој е и член на заедничката македонско-бугарска историска комисија.

-Република Северна Македонија продолжува да живее во својот југототалиатрен комунизам. Таму се е можно, Бугарија ќе ги алармира европските институции и во Брисел и во Стразбур. Последната средба на комисијата ја имавме пред 20-тина дена и работите многу тешко се движат. Тие едноставно исполнуваат политичка нарачка и опстојуваат на тези кои се надвор од секакво однесување. Кој и да се бори за власт, главниот аргумент е антибугаризмот, вели Топалов.

Од македонското Министерството за внатрешни работи потврдија дека не бил дозволен влез на петмина бугарски државјани, поради неисполнување на условите за влез во државава, согласно законот за странци.

„Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата“, нагласија од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот