Заборски и Спасеновски од „Макпетрол” учесници на светската карате-лига во Каиро

Фото: Макпетрол

Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 Премиер карате-лига. Единствени учесници од Македонија ќе бидат членовите на „Макпетрол”, Петар Заборски (-75 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.). Само тие од земјава обезбедија норма за да бидат дел од реномираното натпреварување. Каратистите на скопскиот клуб се пласираа во топ-32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што беше пресуден услов за учество.

Турнирот во Каиро почнува в петок (19 април), а завршува в недела (21 април). На ова натпреварување настапуваат 32 најдобри каратисти во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел сите учесници имаат три задолжителни борби во својата група. Само прворангираните ги продолжуваат борбите во четвртфиналето.

Светската 1 Премиер карате лига е натпревар со највисок ранг на ВКФ, на којшто е најсилна конкуренцијата на спортисти. За претстојниот турнир во Каиро се пријавени вкупно 374 елитни учесници од 58 држави.

 

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот