
ЗАБАВНА ЗОНА | Мановски: „Ивл Меншн“ е најтешката соба и се игра во мрак!
Замислете дека сте затворени во соба од која единствениот начин за излегување е код кој се крие некаде во загатките. Доколку сакате авантура, адреналин, фанатици сте на авантуристички или хорор филмови, во Скопје се крие едно место идеално за вас! Станува збор за „Ескејп рум“, совршено место за забава за оние кои сакаат да истражуваат и да разрешуваат мистерии.
Препорачано
Овој четврток се дружевме во „Д Кјуб“, една „станица за бегство“ во Скопје! Тоа е извор на забава веќе осум години, а нивниот гејм мастер, Душко Мановски, нè упати повеќе во оваа игра и какви сè загатки и предизвици можат да се решаваат тука!
Задачата на посетителите на „Д Кјуб“, кои ќе одлучат да играат во некој „ескејп рум“ е да го најдат начинот како да излезат од собата во предвидениот рок. Додека се во собата, играчите се надгледувани од страна на гејм мастерот, кој им дава насоки и им помага кога ќе забележи дека тешко им оди на играчите или кога ќе загаават некаде.
„Д Кјуб“ го има на две локации во главниот град – во Влае и во Скопје Сити мол. Играчите можат да одберат дали сакаат да одгатнуваат загатки во „ескејп рум“ односно во цела соба, или пак да играат и „ескејп бокс“ што всушност е тематска кутија за која треба да се пронајде начинот како да се отвори кутијата.
Гејм мастерот Мановски, одблизу нè запозна со најтешката и најомилената соба за играње:
– Најтешката соба е „Ивл Меншн“ според мене. Многу луѓе и не излегуваат од таа соба иако трае 70 минути, но ретко излегуваат бидејќи е многу тешка и да напоменам, се игра во мрак. Омилена соба на играчите им е „Индијана Џонс“, авантуристичка е, за сите возрасти е, значи нема ништо страшно… – изјави тој.
Гледајте ја целата епизода на „Забавна зона“ вечерва со почеток од 18 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“!