Фото: marrakeshh / Alamy / Profimedia

За жежок летен ден: Најлесен рецепт за превкусен сорбет од манго

Во топлите летни денови сите сме во потрага по ладно освежување. Идеално е кога тоа освежување е направено од природни состојки, како овој вкусен сорбет од манго.

За подготовка на сорбет од манго не ви е потребен шеќер, доволни се само три состојки: замрзнати коцки манго, малку сок од лимон и прстофат сол.

Ако не можете да најдете веќе замрзнат манго во продавница, можете сами да го подготвите. Исчистете го, исечете го на коцки, распоредете ги на плех и ставете ги во замрзнувач на три до пет часа, па потоа искористете ги.

Доколку имате замрзнат манго што нема природна слаткост, можете да додадете и малку мед, сируп од агава или јаворов сируп во смесата.

Потребни состојки:

  • 800 г исчистен замрзнато манго
  • 1 лажичка сок од лимон
  • прстофат сол

Подготовка:

Ставете ги замрзнатите коцки манго во сечко или добар блендер, заедно со сокот од лимон и солта. Блендирајте или мешајте додека состојките не се соединат и не добиете густа, кремаста смеса.

Имајте на ум дека смесата прво ќе биде грутчеста, па зрнеста. Повремено запирајте го блендерот за да ја изгребете смесата од страните на садот.

Кога ќе стане мазна и без грутки, префрлете ја во сад за замрзнување и ставете ја во замрзнувач на неколку часа. Кога сте подготвени за сервирање, извадете со лажица дел од замрзнатиот сорбет.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот