За три месеци Германија протерала 483 македонски граѓани

Македонија е на врвот на листата земји чии граѓани биле протерани од Германија во првиот квартал од 2024 година

Бројот на протерани лица од Германија годинава е значително поголем во споредба со минатата година. Во првиот квартал од 2024-та година бројот на депортации е поголем за една третина, пишува весникот „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, пишува „Дојче Веле“.

Весникот ги пренесува податоците од германската влада наведени во одговорот на пратеничко прашање од партијата Левица. Според нив, од јануари до март оваа година од Германија биле протерани 4.791 лице, или околу 34% повеќе во споредба со истиот период лани.

Притоа, Северна Македонија е на врвот на листата на депортации. Во првиот квартал од 2024 година од Германија биле протерани 483 граѓани на Северна Македонија. Во текот на целата измината 2023 година биле депортирани 1.177 македонски граѓани. Од протераните 483 македонски граѓани во првиот квартал од 2024 година, 233 биле жени и 227 малолетни лица.

На второ место по број на депортации е Турција, каде се вратени 449 граѓани. Потоа следат Грузија (416), Авганистан (345) и Србија (312).

Во одговорот на германската влада на прашањето на пратениците на Левица, се наведува и дека протерувањето граѓани на други држави честопати не се реализира. Во првиот квартал од тековнава година пропаднале 7.048 планирани протерувања. Според „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, повеќето од погодените веќе не можеле да бидат пронајдени или биле откажани летовитe. Медицинските причини играле улога многу поретко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот