
За три дена во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 270 мигранти
Од вторникот до вчера, во близина на малиот грчки остров Гавдос, што се наоѓа јужно од Крит, во пет одвоени случаи биле откриени и спасени 270 мигранти, а уапсени петмина криумчари
Препорачано
Во текот на вчерашниот ден, во морскиот дел на 40 наутички милји јужно од Гавдос, чамец со 66 лица побарал помош, а веднаш интервенирале брод на Фронтекс и спасувачки брод на грчката крајбрежна служба, по што сите биле спасени и безбедно пренесени на пристаништето на островот Крит.
Jужно од Гавдос беа спасени вкупно 158 мигранти, кои се пренесувале со три чамци, а од крајбрежната служба на Грција во продолжение информираа дека биле уапсени вкупно четири лица, на возраст од 19 до 32 години, сите државјани на Судан, кои од спасените лица биле посочени дека се криумчари и за одреден паричен износ, мигрантите требале да ги пренесат од Либија во Грција.
Државјанин на Судан бил уапсен и за друг случај на криумчарење мигранти, исто така на Гавдос, кој бил меѓу откриените 46 мигранти на плажа на островот, кои во вторникот по морски пат стигнале од Либија.
Гавдос е мал остров во непосредна близина на Крит и претставува најјужната точка на Европа
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20сек
-
6мин
-
7мин
-
8мин
-
16мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5