За сите вљубеници во планинарењето- Нов планинарски дом со десет легла во Пехчево

Местото е на одлична локација, бидејки, како што посочи, пехчевскиот планинар, оттаму се гледаат најголем дел од планините во Источна и дел од Јужна Македонија.

Кадиица и Пехчево го добија првиот Планинарски дом во регионот кој е целосно опремен од вредните раце на планинарот Марјан Митриновски. За да се уреди неговата внатрешност и надворешност, како што истакна пехчевскиот планинар, беше потребен долг период, по кој конечно, Планинарскиот дом целосно е опремен и целосно ставен во функција на планинарите и гостите намерници, кои го искачат еден од највисоките врвови во Пехчевскиот регион.

-Планинарскиот дом се наоѓа во месноста „Буновето” во близина на селото Спиково, на околу 1400-1500 метри надморска висина. Домот располага со 10 легла, граден е во приватна режија и на приватен имот. Се надевам дека добро ќе им служи на планинарите за кои сметам дека е доволен простор и за засолниште и за било какво друго користење за кое ќе имаат потреба, вели Митриновски.

Местото е на одлична локација, бидејки, како што посочи, пехчевскиот планинар, оттаму се гледаат најголем дел од планините во Источна и дел од Јужна Македонија.

-Од левата страна во хоризонтот се гледа Беласица, од десната страна е Руен, Осогово, врвот Лисец се гледа на Плачковица и целата Малешевска планина и Огражден. Зад нас се наоѓа планина Влаина и врвот Кадица, нашиот патрон на друштвото. Прекрасен поглед, кој треба да се доживее, рече Митриновски.

Додаде дека секоја заинтересиран кој сака да го користи Планинарскиот дом може да го контактира, а воедно, како што вели, останува на располагање и за време на одржувањето на планинарски маршеви со познатиот врв Кадиица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот