Фото: МВР

За шест месеци над 2.000 пожари во земјава, приведени 56 лица

Министерството за внатешни работи (МВР) регистрирало 2.012 пожари на отворен простор, приведени се 56 лица и поднесени се 32 кривични пријави во последните шест месеци, соопшти полицијата.

МВР известува дека од 1 април 2025 година до 23 септември 2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица, а по преземени мерки поднесени се 32 кривични пријави.

Најголемиот дел од пожарите се резултат на човечки фактор со различни мотиви, па се преземаат мерки за расветлување на случаите и за утврдување евентуални врски меѓу нив.

Од 1 јули до 23 септември 2025 година, по воведувањето на забраната за движење низ шуми без писмено одобрение, биле затекнати 27 лица, против кои ќе бидат поднесени пријави согласно Законот за шуми.

За потребите на превенција, полицијата користи дронови за надзор на шумските подрачја, со што е подобрена ефикасноста во раното предупредување, лоцирање на пожари и откривање на нивните можни причинители, информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот