За СДСМ Џафери е добро решение за технички премиер, за ВМРО-ДПМНЕ со ова се случува целосна ДУИзација

Талат Џафери - претседател на македонскиот Парламент / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и добро решение, изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ, одговарајќи на прашање дали за нивната партија е прифатлива одлуката на ДУИ актуелниот претседател на Собранието да биде технички премиер сто дена пред изборите што ќе се одржат напролет.

Одговарајаќи на новинарско прашање на прес-конференција, таа рече дека се очекува утре на состанок на Извршниот одбор на СДСМ, закажан од лидерот на партијата и премиер Димитар Ковачевски, нивниот сопартиец Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и предлогот да биде потврден од највисокото партиско раководство.

На прашањето што доколку ВМРО-ДПМНЕ одбие да биде дел од техничката Влада предводена од Талат Џафери и не предложи министри и заменици-министри, Маркоска одгвоори дека „нема да им успее ако ДПМНЕ бара алиби за поразот што ги чека на изборите“.

Деструктивните политики на ДПМНЕ, блокадите, обидите да се закочи земјата, да се блокира Собранието, ги гледаме со години нананзад. ДПМНЕ друго и не знае, бидејќи нема понуда за граѓаните. Не се нешто ново обиди за создавање криза. Како што досега не усепа, така нема ниту овој пат. ДПМНЕ има проблем од друга природа. Но се што трврдеа досега излезе обратно, рече пратеничката на СДСМ.

Претходно пак, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со став дека со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна ДУИзација.

Уште еднаш на дело се покажа и докажа дека ДУИ е власт, а СДС подизведувач. Како Ахмети им свири, така Ковачевски и СДС играат. Ковачевски само за да опстои уште некој месец, спремен е се да им отстапи на ДУИ и Ахмети и тоа на штета на македонскиот народ. СДС и Ковачевски не го прифаќаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, за да може Џафери да биде премиер, соопштија од партијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот