За само неколку часа кандидатите за шеф на државата, Пендаровски и Силјановска Давкова ги собраа потписите

Фото: МИА

Во периодот од осум изутринава до 12 часот кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова собра повеќе од 15.000 граѓански потписи за потврда на кандидатурата.

За неполни пет часа, собрани се 10.000 граѓански потписи за поддршка и на кандидатурата за втор мандат на претседателот Стево Пендаровски.

Актуелниот претседател, Стево Пендаровски, кој се кандидира за втор мандат на претседателските избори објави дека за помалку од пет часа успеал да собере 10.000 граѓански потписи.

„Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10.000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател“, објавија од кабинетот на Пендаровски.

Претседателот им се заблагодари на сите граѓани за својата поддршка, и најави дека собирањето на потписи ќе продолжи и во наредните часови и денови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот