Кипар знаме / Фото: Dimitrios Karvountzis / Zuma Press / Profimedia

За грчкото МНР решавањето на кипарското прашање е врвен национален приоритет

За Грција решавањето на кипарското прашање е врвен национален приоритет. Во координација со Република Кипар, работиме систематски за создавање услови кои ќе овозможат изнаоѓање праведно, одржливо, функционално и заемно прифатливо решение, соопштија од грчкото МНР по повод 49-годишнината од турската инвазија на Кипар.

Од Министерството за надворешни работи на Грција истакнуваат дека решението на кипарското прашање треба да го земе предвид статусот на Кипар како земја членка на ЕУ, а ќе биде „решение за бизонална, бикомунална федерација“.

Истакнуваат дека во никој случај не може да се прифати сценариото за „две држави“.

-Речиси половина век подоцна, кипарското прашање сè уште останува меѓународно прашање на нелегална инвазија и окупација, што е кршење на основните принципи на Повелбата на Обединетите нации, како што веќе една и пол година се случува со руска инвазија на Украина, соопштија од грчкото МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот