
За една година спречени 6.000 нелегални минувања и сузбиени 14 криминални групи за криумчарење мигранти
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година се сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 човек и 18 правни лица.
Препорачано
Во овој период биле откриени и 64 случаи на криумчарење мигранти, спречени се 6.000 обиди за илегално минување на границите, а разоткриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција, недозволена трговија со дрога и криумчарење во соработка со меѓународни криминални мрежи.
„Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50% во однос на претходниот период.Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, Министерството за внатрешни работи спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи“, се вели во полициското соопштение.
Оттаму посочија дека ќе продолжат со, како што велат, бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал.