Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски премиерот Христијан Мицкоски ФОТО/МИА

За девет месеци, Финансиската полиција поднела 36 кривични пријави и открила криминал тежок 30 милиони евра

Во изминатиот период откриени се големи случаи со милионски штети на буџетот, изјави директорот на Финансиската полиција, Слободан Ивановски. по повод 22 години од формирањето на институцијата.

Тој порача дека парите на граѓаните кои се злоупотребени, мора да бидат вратени назад во буџетот.

„Во изминатиот период извадивме големи случаи, случаи кои претставуваат милионски штети на буџет. Мора секој еден функционер да се однесува домаќински и да знае дека тоа се пари на граѓаните и не смеат да бидат злоупотребувани“, рече Ивановски.

Директорот најави дека во следниот период ќе ги интензивираат и финансиските истраги, што ќе значи утврдување, лоцирање и замрзнување на имотот кој што е пренос од казниво дело.

„Покрај криминалистичката истрага, водиме и финансиски истраги, кои што ќе ги следат парите, ќе го следат имотот и со тоа ќе ги вратиме назад во буџетот на граѓаните“, рече Ивановски.

На настанот се обрати и премиерот Христијан Мицкоски, кој напомена дека од 1 септември 2024 до 10 јуни 2025 година, односно за период од девет месеци, Финансиската полиција поднела 36 кривични пријави, со кои е откриена штета или е утврдена противправна имотна корист од речиси 30 милиони евра. Овие пари, рече Мицкоски, се на граѓаните и ова е пример како се штити имиџот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот