Пруга / Фото МИА

За брзата пруга заинтересирани големи финансиски институции кои досега не биле присутни во регионов, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има интерес за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10 од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа. Откако ќе биде направена анализата, најави дека ќе се излезе со детали во јавноста.

„Набрзо од денеска после анализата ќе излеземе со податокот која е најдобрата понуда. Има понуди и тоа не прави особено задоволни затоа што големи финансиски светски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа сега пројавуваат интерес да учествуваат во овој проект што посебно не охрабрува, рече Мицкоски.

Рокот за доставување на понудите е до денеска, а Министерството за финансии имаше испратено барања за понуди до 24 финансиски институции за финансирање изградба на брзата пруга на Коридорот 10.

Се уште нема понуди за изградба на брзата пруга од Коридорот 10, рокот е продолжен до 7 јули

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот