Парно греење/profimedia
Фото: Ina FASSBENDER / AFP / Profimedia

За 58 000 потрошувачи цената на парното се зголемува за 4,51 отсто, за останатите 6000 се намалува

Околу 58 000 потрошувачи, кои се снабдуваат со топлинска енергија преку ЕСМ Снабдување ќе плаќаат од наредниот месец повисоки сметки за парно за 4,51 отсто. Тоа значи дека на една просечна сметка од 1800 денари, зголемувањето би било околу 80 денари, со што е избегнат ценовниот удар за скопјани, во услови кога ЕСМ побарувала повисоки цени за 50 отсто. За останатите потрошувачи, кои се приклучени на Железарското парно на ЕСМ Енергетика и на топланата Скопје Север, цената е незначително намалена во однос на сегашната.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски на денешната прес конференција објасни дека одлуката е донесена откако РКЕ добила цврсто уверување дека ќе започне поставувањето на цевководот на мостот „Беласица“.

Тоа во пракса значи дека цената на топлината што ја утврдивме и за ТЕ-ТО со оваа одлука е за повеќе од двапати пониска отколку што е цената на топланите во градот Скопје, што значи ако не би постоело ТЕ-ТО зголемувањето би било околу 60 отсто – рече Бислимоски.

Трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично принудени, како што рече претседателот на РКЕ, што побрзо да го стават во функција топловодот „Беласица“ за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕ-ТО.

Според Бисломоски со овие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, иако во изминатиот период се соочиле со највисоки цени на природниот гас.

На прашањето зошто и понатаму потрошувачите во Скопје плаќаат различна цена за испорачана топлинска енергија, Бислимоски нагласи дека во моментов не е можна една цена за сите, дека за тоа се потребни законски измени и една мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот