За 3,9 проценти намален бројот на работници во индустријата во првиот квартал

Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март годиава е намален за 4,3 проценти, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во март 2025 година, во однос на март 2024 година има намалување за 4,5 проценти на бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија, од 2,1 проценти во Рударство и вадење на камен и за 1,8 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2025 година, во однос на март 2024 година, се намалил кај Енергија за 2,8 проценти, кај Капитални производи за 7,3 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,1 процент, а се зголемил за 13,4 проценти кај Tрајни производи за широка потрошувачка.

Како што објави претходно ДЗС, индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани година за два проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот