Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

За 28 илјади денари ќе се ангажираат 300 невработени лица за општинско-корисна работа

Околу 300 луѓе ќе бидат ангажирани како дел од програмата „Општинско-корисна работа“, за обезбедување социјални и здравствени услуги на локално ниво, информираше денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.

Програмата не е наменета за комунални работи, туку за директна поддршка на ранливите категории граѓани, вклучувајќи стари лица, лица со попреченост, како и деца од социјално загрозени семејства. Предвидените услуги опфаќаат дневна грижа, помош во домашни услови, поддршка за независно живеење, како и образовни и лични асистенти за деца.

Јавниот повик трае до 8 август 2025 година и е наменет за општините и за Градот Скопје. Невработените кои ќе бидат вклучени ќе добиваат бруто надоместок од 28.000 денари месечно во период од 18 месеци, со тоа што првите шест месеци ќе бидат финансирани од државата, а останатите од локалната самоуправа.

Програмата „Општинско-корисна работа“ е дел од севкупниот пристап за намалување на невработеноста, во кој се вклучени и други мерки, како што се практиканство – платена пракса до 3 месеци за млади лица со месечен надомест од 12.000 денари и обука кај познат работодавач со обврска на работодавачите да вработат најмалку 50% од учесниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот