Цигари во ресторан илустрација/ Фото: Ingo Kuzia/Intro / imageBROKER / Profimedia

За 10 денари поскапеа дел од цигарите

Од почетокот на 2024 година, стапија на сила измените на Законот за акцизите, со кои цигарите постепено ќе се усогласуваат со минималната акцизна стапка на Европската Унија. Според последните истражувања, околу 45 отсто од населението во Македонија се пушачи

Повторно нови цени на дел од цигарите во Македонија, од 1 септември тие се поскапени за 10 денари од кутија. Трговците очекуваат и другите тутунски брендови да добијат нови цени. Од почетокот на 2024 година, стапија на сила измените на Законот за акцизите, со кои цигарите постепено ќе се усогласуваат со минималната акцизна стапка на Европската Унија. Ова зголемување ги опфаќа цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари, а се предвидува и изедначување на вкупната акциза со пондерираната просечна малопродажна цена во ЕУ.

Новите цени на цигарите се утврдуваат според според Законот за акцизи кој предвидува усогласување на македонската стапка на акцизи да се усогласи со европската минимална стапка на акциза. Така до 1 јули 2023 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите годишно се  зголемуваше за 0,20 денари по парче на 1 јули во секоја година, но почнувајќи од јануари 2024 година од кога стапија на сила измените на законот за акциза, стапката на минималната и специфичната акциза се зголемува за 0,23 денари по парче секој јануари.

Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,23 денари по парче на 1 јануари, секоја година.

Акцизата за пурите на 1 јануари 2024 година е зголемена за 4,00 денари, но од  јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната акциза за пури  се зголемува

Според последните истражувања, околу 45 отсто од населението во Македонија се пушачи. И со последните поскапувања, Македонија има релативно најевтини цигари во регионот. За споредба, светскиот просек на пушачи за 2025 се проценува на 15,4 отсто.

– Додека светот се движи во насока на заштита на здравјето и подобрување на квалитетот на живот, ние се урнисуваме сè подолу и подолу. 4.000 луѓе умираат во земјава годишно од пушење, според СЗО- потенцираа пролетоска активистите од О2.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот