Фото: SpursOfficial/x

Вулвси извлекоа бод, Тотенхем се спаси во финишот со гол на Палиња!

Фудбалерите на Тотенхем и Вулверхемптон одиграа нерешено 1:1 во рамките на шестото коло од Премиерлигата.

Гостите поведоа преку Буено во 54. минута, а „спарсите“ беа спасени дури во судиското продолжение, кога Палиња со мајсторски удар донесе бод за својот тим.

Овој резултат значи дека Вулвси продолжуваат со добрата традиција против Тотенхем, врзувајќи веќе шести меч без пораз против лондонскиот клуб.

Иако Тотенхем беше апсолутен фаворит, тоа не го прикажа на теренот. Во првото полувреме имаше посед и иницијатива, но без конкретни закани. Најголемата шанса ја промаши Кудус, чиј удар го одбрани голманот Џонстон.

Казната дојде по корнер во второто полувреме, кога Буено ја смести топката во мрежата. Со влезот на Педро Поро и Џонсон, домаќините притиснаа, но Вулвси се бранеа организирано.

Сепак, во последните моменти од натпреварот, Палјина со „кифла“ во малиот агол го постави конечниот резултат 1:1 и донесе огромно олеснување за Тотенхем.

Во следното коло, Тотенхем гостува кај Лидс, додека Вулвси ќе го пречекаат Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот