
Вучиќ: Русија предложи дел од „Нафтена индустрија на Србија“ да се продаде на САД
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека Русија предложила дел од „Нафтена индустрија на Србија“ (НИС) да се продаде на САД и компанијата да купува американска нафта, но додаде дека не е сигурен дали САД ќе го прифатат тој предлог, објави „Н1“.
Препорачано
„Јас не сум сигурен во тоа, но да се надеваме дека ќе го сторат тоа. Би сакал да грешам, би сакал Русите да пронашле магична формула за да го решат тој проблем. Се плашам дека мојот нос добро препознава тешки ситуации“, изјави Вучиќ пред новинарите во Копенхаген, каде што учествува на самитот на Европската политичка заедница.
Коментирајќи го тоа што претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја критикуваше Унгарија, Вучиќ рече дека сфатил оти вчера имало дополнителни тензии околу тоа, но дека Србија има свои проблеми, кои ќе започнат на 8 или 9 октомври, и дека треба да се гледа како тие да се решат.
Новиот рок за стапување во сила на американските санкции кон Нафтена индустрија Србије е 8 октомври, откако претходниот најавен рок, 1 октомври, беше поместен.
Вучиќ не верува дека САД ќе ја променат одлуката за санкциите против српската нафтена индустрија
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
18мин
-
20мин
-
31мин
-
45мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5