Синиша Мали и Хилари Свонк / Фото: MARTIN BUREAU / AFP / Profimedia

Вучиќ му ја расипал работата: Српски министер раскажа како ја завел оскаровката Хилари Свонк, но…

Српскиот министер за финансии Синиша Мали ѝ откри на јавноста како ја запознал американската актерка Хилари Свонк на финалето на Ролан Гарос во 2016 година и како за малку ќе се „фателе“. Конците му ги „помрсил“, тврди Мали, претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Тоа беше финале на Ролан Гарос и тоа беше првпат Новак Ѓоковиќ да го освои тој турнир. Случајно, не беше баш случајно, но нека биде, јас и Хилари седевме заедно, затоа што јас прв дојдов и гледав каде кој седи и гледав каде да седнам, ако е можно, покрај некого. Ја препознав – раскажал Мали во емисијата „Амиџи шоу“.

Тој рекол дека постојат неколку работи за таа ситуација што не ги знаат многу луѓе.

– Секако, релативно млад, седнав до неа и секако почна разговорот. Гледаме малку тенис, а на Ролан Гарос добивате шешир поради сонцето. Јас ги ставив шеширот и телефонот долу и се обидов да започнам разговор и гледам дека оди добро. Секако да бидам искрен, јас дадов сè од себе. Значи дадов сè од себе и измислував нешто лево-десно и вака и онака. Сето тоа одеше добро и Ролан Гарос заврши и ние се договоривме да се видиме во Америка – додал Мали.

По завршувањето на натпреварот го зел мобилниот телефон и видел дека му ѕвонел Александар Вучиќ.

– Ме барал 1оо пати. Не знаев дека тоа ќе биде на РТС. Некако ја прикажуваа неа и случајно и мене. Јас не гледав во телефонот, ништо не видов, затоа што се трудев околу неа. Како што му се јавив, тој почна: „Што правиш ти таму, од каде ти таму?“. Му кажав дека Ноле победи и дека сè е супер. Меѓутоа, ме сочека на следниот чекор. Хилари Свонк и јас само што се договоривме да се видиме на следниот УС Опен. Меѓутоа, Вучиќ ми рече дека треба да одам во Техеран како градоначалник на Белград за да потпишам некој договор. Отидов токму во деновите кога требаше да одам во Њујорк. Тоа не можев да го објаснам. Реков дека одам во Иран, во Техеран, наместо во Њујорк. Тоа беше моето објаснување и тоа повеќе никој не можеше да го прифати, да го купи и тука беше крајот. Под сплет на околности, токму ден-два по Ролан Гарос раскинала со своето момче – се присетил министерот за финансии.

На прашањето дали биле на „раб да се фатат“, Синиша Мали со насмевка одговорил дека претседателот го спречил тоа.

– Но, јас дадов сè од себе – истакнал тој.

ФОТО | „Еден од омилените моменти“: Хилари Свонк позираше гола во седмиот месец од бременоста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот