Александар Вучиќ / Фото Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Вучиќ: Концертот на Томпсон е најголемиот фашистички собир од пред Втората светска војна

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го опиша концертот на хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон како „најголемиот фашистички собир“, како што рече, од пред Втората светска војна, пренесува Индекс.

„Дури ни за време на Втората светска војна не е одржан толку масовен собир, со директна промоција на фашистичката, усташка идеологија, како најлоша форма на нацистичка идеологија“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека Србија е навикната Европската комисија да не реагира на вакви настани, додека од друга страна, како што истакна, европските претставници посочуваат дека полицијата во Србија мора да се воздржи од прекумерна употреба на сила, бидејќи „ги нападнаа столбовите на блокадите со нивните штитови и визири“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот