Вучиќ и посака добредојде на Сиљановска во манастирот „Св. Прохор Пчињски“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ по повод чествувањето на 2 Август Илинден – Денот на Републиката.

Сиљановска Давкова ја пречека претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што заедно го посетија манатирот „Св. Прохор Пчињски“.

Вучиќ и посака добредојде на претседателката на Македонија, а двајцата државници заедно го посетија манастирот „Прохор Пчињски“.

„Ја поздравив претседателката Гордана Силјановски Давкова. Оваа посета претставува одлична можност за зајакнување на партнерството и афирмирање на заедничките вредности на Србија и Северна Македонија со цел напредок и развој на целиот регион. Манастирот Свети Прохор Пчињски е најдоброто место за оваа средба, бидејќи ја симболизира врската меѓу Србија и Северна Македонија, вкоренета во заедничката традиција, култура и предизвикувачки историски околности кои ги обликуваа идентитетите на нашите народи“ напиша Вучиќ на Инстаграм.

Во моментот трае билатерланата средсба меѓу двајцата претседатели, по што следуваат изјави за медиумите.

Претходно престедатеката се обрати во Пелинце од каде порача дека битката за младите е битка за четвртата македонска република која мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот