Вучиќ пристигна на Света Гора, ќе присуствува на Божикната литургија

Посебно сум благодарен на свештениците на топлиот прием и прекрасносто гостопримство, напиша Вучиќ на официјалниот профил на Инстаграм.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна на Света Гора, што претставува прва официјална посета на еден српски претседател на манастирот Хиландар во изминатите 20 години.

„Невозможно е да се објасни што чувствувате на Света Гора и во моментите кога се приближувате до Холандар. Посебно сум благодарен на свештениците на топлиот прием и прекрасносто гостопримство“, напиша Вучиќ на официјалниот профил на Инстаграм.

Тој вечерва во два часот по полноќ ќе присуствува на Божикната литургија. Вучиќ претходно објави дека е среќен што ќе има можност да го посети Хиландар.

„Краток одмор пред доаѓањето на брод во Уранополис. Имам голема трема но сум и посебно радосен што за неколку часа ќе имам можност да го посетам духовниот центар, манастирот Хиландар на Света Гора“, објави Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот