Втор случај на коронавирус во Премиер лигата, заразен и фудбалер на Челси

Пандемијата на коронавирусот се шири низ светот, а се повеќе навлегува и во спортот.
Само неколку часа откако беше потврдено дека менаџерот на Арсенал, Микел Артета е позитивен на коронавирус, официјално има и втор случај на коронавирус. Фудбалерот на Челси, Калум Хадсон-Одои е позитивен на коронавурит.

Од клубот објавија дека целиот прв тим, фудбалерите и тренерскиот персонал се наоѓаат во самоизолација, додека сите тренинзи се откажани на неодредено време.

„Иако е позитивен на коронавирус, Калум се чувствува многу добро и се радува на враќањето на теренот кога ќе оздрави“, објавија од клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот