Патријархот Вартоломеј и бугарскиот премиер Желјасков / Фото: Прес-служба на бугарската влада

Вселенскиот патријарх и бугарскиот премиер се најдоа во Њујорк

Вселенскиот патријарх Вартоломеј се сретнал и разговарал со премиерот на Бугарија, Росен Желјасков, јавија бугарските медиуми.

Според „Бургас24“, средбата се одржала пред два дена во резиденцијата на Патријархот во Њујорк, во рамки на годинешното Генерално собрание на Организацијата на Обединетите нации.

„Мирот и солидарноста на глобално ниво мора постојано да се промовираат“, бил заедничкиот заклучок на Желјасков и Вартоломеј, објави прес-службата на бугарската влада.

„За време на средбата, Желјасков разговарал со Вселенскиот патријарх за ангажирањето на Црквата во современите проблеми на човештвото, иднината на децата и заштитата на природата. Премиерот ја нагласил важноста на човечките доблести и верата како поддршка и извор на мудрост“, пишува во соопштението.

„Вартоломеј му честиташе на премиерот Желјасков за успехот на Бугарија во приклучувањето кон еврозоната. Вселенскиот патријарх му посака успех, мир, просперитет и среќа на бугарскиот народ“, додаваат од бугарската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот