Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Врвулица на американските аеродроми и покрај препораката да не се патува: Преку три милиони патници за Денот на благодарноста

Американската администрација за безбедност во сообраќајот минатиот викенд прегледа повеќе од три милиони патници во воздушниот сообраќај во пресрет на Денот на благодарноста, кој беше најпрометниот викенд по средината на март, а многу патници го игнорираа повикот на Центрите за контрола на болести да не патуваат. Сепак, бројот на патници покажува пад од 60 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Центрите кон крајот на минатата недела ги повикаа Американците да не патуваат за време на продолжениот празничен викенд за да се избегне ширење на пандемијата на коронавирусот, која е на својот врв во најголем дел на САД.

Американските авиокомпании минатата недела објавија дека забележале зголемување на откажувањата и побавна резервација поради зголемувањето на бројот на случаи на ковид-19, но сепак очекуваат ноември да биде подобар за резервациите од септември и од октомври.

Управата за безбедност во сообраќајот во неделата прегледа нешто над милион патници, што е најголем број во еден ден од средината на март, во саботата беше близу до таа бројка и нешто повеќе од еден милион во петокот. Тоа се трите дена кога е забележан најголем број патници по 16 март.

Официјални лица соопштија дека побарувачката во железничкиот сообраќај за периодот околу Денот на благодарноста е малку зголемена во однос на претходните неколку дена, достигнувајќи 20 проценти од побарувачката од минатата година, и оценето оти тоа е во согласност со препораките на Центарот за контрола и превенција на болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!