Топло Време Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Времето денеска сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 10 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени Целзиусови.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, утре и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде од недела кога дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигне 40 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот