Топло време - 26,06,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Топло време - 26,06,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и екстремно топло, температурата до 42 степени

Денеска нè очекува претежно сончево и многу топло време, со слаб до умерен, а на запад повремено засилен ветер од југозападен правец. Според најавите на УХМР, минималната температура ќе биде меѓу 13 и 21 степен, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време. Утринската температура ќе се спушти до 20 степени, а максималната ќе достигне дури 41 степен.

Топлотниот бран што го зафаќа регионот ќе продолжи до сабота. Според УХМР, до тогаш се очекува сончево и многу топло време, со температури над просекот за јули. Во петок, температурите ќе бидат највисоки, со дневни вредности од 37 до 42 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот