
Време е да се мисли за зима: Колку чинат пелетите, огревното дрво и јагленот во српските магацини?
Иако се очекува нов топлотен бран во Србија, оние кои се греат на цврсто гориво и не уживаат во удобноста на парното греење, веќе размислуваат за набавка на огревно дрво, ако тоа веќе не го направиле на почетокот на летото. За греење граѓаните најмногу користат дрва чија цена се движи од 3.000 до 4.500 денари за метар кубен со вклучена испорака.
Препорачано
Цените на пелетите варираат според квалитетот и видот, па се движат од 12.000 до 15.000 денари за тон. Кога станува збор за цената на тон јаглен, таа се движи од 9.000 до 13.000 денари, објави Данас. Од магацините наведуваат дека очекуваат благ пораст на цените кога ќе почне грејната сезона, особено кога е во прашање јагленот. Посочуваат и дека наглото поскапување може да го предизвикаат цените на увозниот јаглен, но и поскапувањето на горивата. Според различни магацини за огревно дрво, граѓаните најчесто се одлучуваат да купат огревно дрво за греење во средината на август, иако навиките се различни.
Според вработените во магацините, помладата популација вообичаено се одлучува да обезбеди дрва за зимување веќе на почетокот на август, додека пак поради куповната моќ пензионерите најчесто имаат навика да купуваат дрва за огрев во последен момент. Она што е посебно за пензионерите е што купуваат огревно дрво во самата грејна сезона, бидејќи немаат доволно пари да купат дрва одеднаш. Цените во различни делови на земјата се разликуваат, па огревното дрво е најевтино на југот на Србија, а најскапо во Белград.